Пола милион продадени купони на Grouper.mk

40

unnamed

Првиот македонски сајт за групни попусти, Grouper.mk, кој започна со работа во 2011 година, со објавени над 15.000 зделки за над 110.000 корисници од страна на 2.000 соработници, денес оствари пола милион продадени купони.

“Беше вистински предизвик да се започне онлајн бизнис во 2011 година кога помалку од 1% од населението купуваше онлајн. Можеби е едноставно да се искористат можностите, но да се прифати ризикот и пречките да се претворат во предности – тоа е вистински претприемачки успех. Направивме револуција во е-трговијата како резултат на напорна работа, знаење и постојано учење, посветеност 24/7, добар тајминг и добар тим и постојано адаптирање на промените”, вели Нина Ангеловска, директор и ко-основач на Grouper.mk

Најголемо учество или 37% во остварените пола милион продажби имаат зделките за храна и пијалок, додека на второ место се патувањата со 19%, кои воедно ја преставуваат и најпосетуваната и најатрактивна категорија на Grouper.mk.

“Ние во Grouper постојано иновираме и ги следиме трендовите, а нашите корисници брзо се прилагодуваат и ги ценат бенефитите кои тие ги овозможуваат. Купувањето преку мобилната апликација (Grouper.mk App) е во постојан пораст, а изминатиот месец достигнавме 50.000 инсталации на Android мобилната апликација. Корисниците ги ценат придобивките што ги нуди апликацијата како: купување било кога од било каде во движење, непосредно користење на купонот без печатење со едноставно покажување и многу други. Со ова и нашите соработници добиваат бенефит во однос на промоцијата на нивните бизниси“, додава Нина

Grouper го промени пазарот на е-трговија и предизвика вистинска револуција во онлајн купувањето. Според последните податоци за Информатичко Општество од Државниот завод за статистика, во 2015 година веќе повеќе од 15% од населението купувало онлајн.

Во однос на Grouper продажбата, во 2015 година 30% од купувањата биле направени преку мобилен уред, а во првата половина на оваа година веќе 40% од продадените купони се купени преку мобилен уред и тоа најголемиот дел преку мобилната апликација.