Полета првиот авион што за гориво користи семе од синап

46

aircraftФото: Pexels

Авион од авиокомпанијата Qantas користејќи семе од синап како биогориво, леташе на релација Австралија – САД. Со тоа тој стана првиот авион во светот што направил успешен лет користејќи ваков вид на гориво, објави The Guardian.

За време на летот кој траел 15 часа се користело мешано гориво од кое 10% било произведено од семето bazika carinata, индустриски тип семе од сенф кое според земјоделците е многу едноставно за обработка и користење. Само еден хектар од оваа житна култура може да се искористи за производство на 400 литри авијациско гориво или 1.400 литри обновлив дизел.

По успешниот лет, од авиокомпанијата најавија дека во иднина ќе основаат и биорафинерија со седиште во Австралија којашто ќе го извлекува горивото што го произведува семето и ќе го искористи за дел од летовите.

И голем број на други авиокомпании во светот почнуваат интензивно да ги вклучуваат биогорива во своите комерцијални летови. Во 2011 година, Alaska Airlines реализираше 75 лета со мешавина од масло за готвење, а германската авиокомпанија KLM шест месеци користеше слично биогориво.

Според сегашните спецификации за гориво, мешавините на биогоривата се ограничени на 50%. Но, анализите на експерите велат дека во иднина сите летови би можеле да летаат со вакво гориво.