Полициска зграда претворена во луксузен станбен простор

49

157658327Оваа уникатна градба што се наоѓа во Менхетен, Њујорк, е дизајнирана далечната 1909 година и била седиште на полицијата цели 64 години, пишува Luxury listings. Во 1988 истата била претворена во луксузен станбен објект, а најимпресивен стан што денес зградата го нуди е нејзиниот пентхаус наречен Cupola.

Располага со повеќе од 600 метри квадратни простор, три спални соби, четири бањи и се наоѓа во едно од најубавите места во Њујорк. Cupola има и кујна со споена трпезарија и дополнителна формална трпезарија, како и голема дневна соба со декорирани тавани.

Пентхаусот има свој приватен лифт што ги води гостите до дневната соба, од каде може да уживаат во панорамски поглед на целиот град. Неговата цена е 35 милиони долари.

204375478204375466luksuz-enterijer-dizajn-stan-penthaus-njujork (16)204375472204375457bigclockactualluksuz-enterijer-dizajn-stan-penthaus-njujork (10)204375410