Полициски час од 22 часот, предлага Комисијата за заразни болести

652

Комисијата за заразни болести размислува да предложи до Владата да се воведе полициски час од 22 часот, пренесува Локално.мк.

Вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени лица, односно 317 случаи со Ковид-19 од 1.990 тестирања во изминати 24 часа. Во болнички услови починати се четири пациенти, а регистрирани се 104 оздравени пациенти.

Денеска, со почеток во 14:30 часот, министерот за здравство, Венко Филипче ќе ѝ се обрати на јавноста, информирајќи ја во врска со новонастанатата ситуација.

Надлежните и натаму апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 кои вклучуваат носење заштитна маска, држење дистанца, избегнување групирања и миење или дезинфекција на рацете.