Полицискиот час продолжува до 6 – ти април

43

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата денеска одлучи да го продолжи полицискиот час и тој да биде во сила до 6- ти април.

“Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6- ти април“, стои во владиното соопштение.

Министерот за здравство Венко Филипче претходно посочи дека доколку дојде до влошување на состојбата со Ковид-19, не се исклучува можноста за кратење на работното време на угостителите и зголемување на времето на полицискиот час.