Половина од германските индустриски компании имаат проблеми со набавките

67

Недостатокот на материјали во германскиот производствен сектор беше дополнително ублажен на крајот на 2022 година, но секоја втора компанија сè уште има проблеми со набавката, според истражувањето на институтот Ifo.

Во декември 50,7 отсто од анкетираните компании се пожалиле на проблеми со набавките, наспроти 59,3 отсто во ноември, покажува најновото истражување на германскиот институт за економски истражувања од Минхен. Нивното учество се намалува трет месец по ред.

„Се чини дека крајот на проблемите со тесните грла во набавките е на повидок во многу економски сектори“, што ќе ја поддржи економијата во наредните месеци, рече шефот на истражувањето во Ifo, Клаус Вохрабе.

Сепак, ситуацијата би можела повторно да се влоши, во зависност од развојот на ситуацијата со корона во Кина, предупреди Вохрабе.

Иако бројот на компании кои се соочуваат со недостиг на материјал е намален во речиси сите гранки на преработувачката индустрија, некои бројки сè уште се значително над долгорочниот просек, покажа истражувањето.

Производителите на машини и опрема и автомобилската индустрија и понатаму имаат најмногу проблеми, според Ifo во истражувањето.