Половните автомобили никогаш не биле поскапи: Еве што очекува Volkswagen во наредниот период

85

Цените на половните автомобили се на највисоко ниво на сите времиња и најверојатно наскоро ќе паднат, објави во четвртокот одделот за финансии на Фолксваген.

„Сега сме на врвот“, изјави шефот на продажбата на концернот, Ентони Бендман.

Тесните грла во понудата и намалувањето на производството во фабриките за автомобили ја зголемија цената на половните автомобили на германскиот пазар за 20-25 отсто над повеќегодишниот просек оваа година.

Со оценката дека трендот наскоро ќе оди во спротивна насока се согласи и директорот за финансиски услуги на Фолксваген, Кристијан Далхајм, како и директорот за финансии, Френк Фидлер, кој очекуваниот пресврт го припишува на воздржаноста на клиентите.

Цените веќе полека паѓаат бидејќи луѓето очекуваат рецесија и се повнимателни со парите, рече Фидлер.

Годинава на цените влијаеле повеќе фактори. Освен недостигот на нови возила, тука се и последиците од војната во Украина, односно крајот на ерата на евтини кредити, пренесува SEEbiz.