Полска: Апликација што ги следи луѓето во карантин

41

Во Полска е лансирана апликација што има за цел да ѝ помогне на тамошната полиција да ги обезбедува луѓето кои се во карантин да останат дома за да не се шири заразата од Ковид – 19, пренесува Intelli news.

Властите во Полска ги заоструваат мерките за спречување на ширење на коронавирусот. Сите оние кои ќе се вратат во земјата мора да бидат во домашен карантин две недели и се должни да одговараат на повиците на полицијата или да ја презема апликацијата, објави тамошното Министерство за внатрешни работи.

Апликацијата што го носи името Kwarantanna domowa (домашен карантин) ги користи услугите на мобилна локација и препознавање на лице, а на корисникот му испраќа случајно барање за снимање селфи, на што мора да одговорат во рок од 20 минути или апликацијата испраќа пријава до полицијата.

“Ќе мора да се направат една или повеќе такви фотографии дневно. Ние им испраќаме непланирани барања. Идејата е иста како и за ненајавените посети на полицајците“, изјави Марек Загорски, министер за дигитализација во полската влада.

Оние лица кои ќе го прекршат карантинот се соочуваат со парична казна од околу 6.500 евра, што е скоро шест пати повеќе од просечната бруто плата во Полска.

Фото: Pixabay