Полска доби велосипедска патека што складира сончева светлина и свети навечер

19

z20752015Q,Swiecaca-sciezka-rowerowa-wyprodukowana-w-laborato

Полска неодамна доби патека за велосипедисти што емитува светло-сина боја навечер. Патеката се наоѓа близу градот Лидзбарк Вармински, а осветлена е од фосфор, синтетички материјал што свети откако ќе добие доволно сончева светлина.

Материјалот може да емитува светлина околу 10 часа. Во текот на денот патеката складира енергија што и овозможува навечер да свети. Осветлената патека е направена со цел да се зголеми безбедноста на велосипедистите навечер. Според Next Nature Network, честичките на патеката можат да светат во различни бои, но дизајнерите ја одбраа светло-сината со цел да се вклопи во околината.

Патеката е изградена од страна на TPA Sp. z o.o. по иницијатива на Studio Roosegaarde. Полските инженери открија дека инспирација за проектот им биле холандските осветлени патишта. Светло-сината патека сè уште се тестира, од причина што не се знае колку време ќе биде погодна за сообраќај.