Полска го врати ДДВ- то за храна

18

Во Полска  се враќа на сила стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) од пет проценти на храната, која во февруари 2022 година е намалена на нула поради високата инфлација, пренесува полската новинска агенција ПАП.

Инфлацијата во Полска и на други места во Европа и светот нагло се зголеми во пандемијата по коронавирус поради тесните грла во синџирите на снабдување, кога потрошувачите нагло го зголемија купувањето на стоки и услуги по завршувањето на рестриктивните мерки поради Ковид-19, и ситуацијата дополнително се влоши со руската инвазија на Украина.

Како одговор на високата инфлација, која достигна 18,4 проценти годишно, полската влада ја намали стапката на ДДВ од пет проценти за храната на нула во февруари 2022 година, пишува SEEbiz.