Полска ја приватизира авиокомпанијата ЛОТ

20

lotПолската влада подготви план за приватизација на државната авиокомпанија ЛОТ, која е во големи долгови.

“Нема сомневање дека ако не сакаме да влеваме буџетски пари во таа дупка без дно, приватизацијата останува единствена реална опција”, изјави полскиот премиер Доналд Туск.

ЛОТ минатата година ја заврши со оперативна загуба од 28 милиони евра, а преживува благодарение на државни субвенции. Дополнителен удар доживеа кога двата ново набавени боинзи 787, Дримлајнери, беа приземјени поради проблемите со акумулаторите.

Државата има 68% удел во ЛОТ.