Полски синџир на салони за вежбање нуди франшиза на претприемачи од регионот

20

studio figura

Полскиот синџир на салони за слабеење и обликување на телото Studio Fugura продолжува со експанзија на домашниот и странските пазари.

Откако на крајот на август заврши обуката за нови корисници на франшизата, Studio Fugura објави дека ќе отвораат десет нови салони ширум Полска. Пред тоа, компанијата го претстави својот концепт во Шведска, а партнерите кои би биле подготвени да го развиваат бизнисот и да отворат салон преку франшиза, веќе активно ги бараат во Србија и Словенија, пишува Franchising.hr.

figura

Зад името на Studio Fugura стои десетгодишно искуство, скоро 700 салони ширум светот, сопствена фабрика за производство на лиценцирана опрема за обликување на телото, како и производство на додатоци во исхраната.

“Знаеме дека жените ширум светот имаат иста желба – да изгледаат убаво, да бидат здрави и среќни. А, тоа сакаат да го постигнат во пријатен амбиент и пријателска атмосфера, со професионална услуга и третмани кои ценовно ќе бидат привлечни и поволни. Одговорот на овие желби на жените е Studio Fugura“, велат од компанијата.

vacu4

Потенцијалните корисници на франшизата на Studio Fugura треба да одвојат меѓу 12.000 и 50.000 евра за започнување на бизнисот, што најмногу зависи од големината и нивото на опременост на салонот, а препорака е тоа да биде простор од 50 до 100 метри квадратни. Корисникот на франшизата одвојува 300 евра годишно за лиценца и поддршка што ја добива од седиштето на компанијата.

За разлика од другите системи, корисникот на франшизата на Studio Fugura не мора да биде професионалец со искуство од оваа област. Соработката вклучува задолжителна специјалистичка обука, и тоа не само за корисниците на франшизата, туку и за нивниот персонал.

100_2506

“На крајот на секоја обука добиваат сертификати со кои се потврдува дека се квалификувани за водење на салонот Studio Fugura. Ние знаеме дека опремата сама по себе, дури и кога е најдобра, не е доволна за оддржливо работење. Затоа сме подготвени на нашите партнери да им го пренесеме целокупното искуство и знаење за да може концептот да биде успешен и профитабилен“, велат од компанијата.

Иако не бараат посебен професионален профил за примателите на франшизата, во компанијата нагласуваат дека посебно им се обраќаат на жените.

dsc_5811

“Бараме жени претприемачи меѓу 30 и 65 години кои од секогаш сонувале да отворат свое студио за вежбање, но и кои сакаат финансиски да бидат независни“, велат од Studio Fugura.

Освен во Полска, компанијата има свои салони и во Грција, Шведска, Норвешка, Литванија, Русија, Израел, Шпанија, Бугарија, Белорусија и Хрватска.

dsc_5819