Полуподморници – туристичка атракција во Хрватска

28

polupodmornica

Туристите што летуваат во Хрватска имаат можност да се возат во полуподморница – брод што изгледа како подморница, но не се нурнува под вода. Долниот дел на бродот е застаклен, па патниците што седат долу имаат поглед на морските флора и фауна, додека на палубата можат да уживаат во панорамскиот поглед.

Полуподморниците се произведуваат во Хрватска, а на брегот од Умаг до Црна Гора се распоредени 30 вакви пловила.

Полуподморницата вози од мај до октомври и прима максимално 12 патници. Дневните тури траат 45 минути, а ноќните 30 минути. Долга е 10 метри, а фирмата што ги произведува работи на нов модел.

Повеќе во прилогот на N1.