Polygons – лажица во форма на оригами што менува четири форми

60

polygons lazica 1

Polygons е лажица во форма на оригами, што може да менува четири различни форми по желба на корисникот.

На лажицата, којашто има рамна површина, има обележано повеќе мерки (на пример, супена или кафена лажица) што го олеснува подготвувањето на храна.

polygons lazica 2

Освен тоа, поради едноставниот дизајн Polygons многу лесно се мие, не ги задржува состојките на површината, не зафаќа многу простор и е едноставен за секојдневна употреба.

За неговиот дизајн се погрижи американскиот старт – ап Polygons Desing. Тие на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, првично побараа поддршка од 10.000 долари, а на 33 дена пред крајот на кампањата собраа над 279.700 долари.

polygons gif