Помалите испораки на руски гас погодија 12 членки на ЕУ

23

Намалувањето на испораките на руски гас погоди 12 земји-членки на Европската унија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за климатска политика Франс Тимерманс.

Тој посочи дека 10 од 27-те членки на Унијата издале „рано предупредување“ во врска со снабдувањето со гас, што е прво и најниско од трите дефинирани кризни нивоа според прописите на ЕУ за безбедност на снабдувањето со енергија, пренесе Ројтерс.