Помалку превезени патници во патниот превоз во третото тримесечје

Во третото тримесечје од 2025 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 6.4 % во однос на истото тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2025 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 8,8 милиони и е намален за 6.4 % во однос на третото тримесечје од 2024 година, и тоа:

•    во градскиот превоз е намален за  4.6 %,
•    во приградскиот превоз е намален за  7.8 %,
•    во меѓуградскиот превоз е намален за  8.6 %,
•    во меѓународниот превоз е намален за  12.5 %.

Вкупниот број на патничките километри е  292 милиони и е намален за 1.8 % во однос на истиот период од претходната година, и тоа:

•    во градскиот превоз е зголемен за 24.2 %,
•    во приградскиот превоз е намален за 1.3 %,
•    во меѓуградскиот превоз е намален за 4.5 %,
•    во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 2.8 %.

Превезени патници со автобуси, трето тримесечје 2025 година

  • Вкупен број превезени патници во патничкиот патен превоз: 8,8 милиони
  • Вкупен број патнички километри во патничкиот патен превоз: 292 милиони километри