Помалку работа во странство за македонските градежници

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – септември 2022 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 130 564 илјади денари, што е за 21.6 % помалку
во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 95 582 илјади денари, што е за 17.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Вредносните податоци за периодот јануари – септември 2022/2021 година се дадени врз база на паритетот 1 САД
долар = 54,3736 денари.