Помош за поплавените ќе може да се донира и во поштите

19

posta

Македонска пошта во периодот од 17 до 31 август 2016 година ги отвора своите единици на поштенска мрежа за собирање на хуманитарна помош за настраданите подрачја во скопскиот регион.

Помошта во конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за лична хигиена и дезинфекција, хуманите граѓани може да ја остават во било која поштенска единица на Македонска пошта на целата територија на Република Македонија, стои во соопштението.

Дистрибуцијата на хуманитарната помош ќе се изврши во соработка со Црвениот крст на Р. Македонија.