Пониски цени на горивата од ноќеска

34

benzinska

Цените на бензините и дизелот од ноќеска се намалуваат, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Еуросупер БС – 95 се намалува за еден денар за литар, и ќе чини 80 денари. За 1,5 денари за литар е поевтин Еуросупер БС -98, па неговата нова цена ќе биде 81,50 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се
намалуваат за 0,50 денари за литар и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,716 ден/кг, во однос на цената утврдена
согласно Одлуката од 14.07.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 39,632 ден/кг.