Поплавите во Германија ја зголемија побарувачката за осигурување

37

Зголемен е бројот на барања за осигурување од катастрофи на германските осигурителни компании по поплавите коишто ја погодија земјата на почетокот на јули.

Неколку германски осигурителни компании бележат зголемена побарувачка за осигурување што покрива штета од природни катастрофи, како кај приватните корисници, така и кај малите и средни компании.

Стандардното осигурување вообичаено покрива штети од ветар и град, но не и од поплави и лизгање на земјиште, што е опфатено со одредено осигурување проти природните катастрофи.

Поплавите во јужниот и југозападниот дел на Германија во 2016 година предизвикаа зголемен број на осигурување од катастрофа за 8%, за разлика од долгорочниот просечен раст од четири до 5% годишно.

Фото: Pexels