Популарен бренд одлучи да се повлече од социјалните мрежи

166

Еден од најпопуларните брендови, Lush Cosmetics, одлучи да ги напушти социјалните мрежи Facebook, Instagram, TikTok и Snapchat и со тоа да привлече внимание на тоа како овие платформи го оштетуваат менталното здравје на луѓето.

Компанијата, позната по своите сапуни, објави дека нејзините сметки ќе бидат деактивирани на 26 ноември, ден по Денот на благодарноста, кога повеќето други брендови и трговци на мало ќе започнат активности на социјалните мрежи со цел да ги придобијат купувачите на празнични подароци.

Lush, кој има повеќе од 900 продавници ширум светот, вклучително и 240 низ САД и Канада, рече дека ќе остане надвор од социјалните медиуми додека платформите не обезбедат побезбедна средина за своите корисници.