Популарната Nokia 3310 се враќа по 17 години

62

nokia-3310-official

Култниот мобилен телефон, Nokia 3310, се враќа на технолошката сцена по 17 години, пишува Telegraph.uk.

Новата верзија се базира на оригиналниот дизајн, којшто го направи овој мобилен телефон популарен насекаде во светот. Телефонот беше препознатлив по автентичната мелодија и играта Snake, а беше продаден во повеќе од 100 милиони примероци.

За разлика од првичниот модел, што започна со продажба во 2000 година, новиот модел е потенок и има екран во боја. Батеријата на новата Nokia 3310 ќе трае до 30 дена и ќе има основна интернет врска со 2,5G, но нема да ги има популарните апликации како што се Facebook или WhatsApp.

За производството на новата Nokia е задолжена финската компанија HMD, а ќе се продава по цена од 49 евра.

ФОТО: Nokia