Популарниот Салт Бае има неверојатен оглас за работа за готвачи

68

Откако неодамна беше објавено дека гостите во лондонскиот ресторан на готвачот Нусрет Гокче, попознат како Салт Бае, платиле 1.450 фунти или околу 1.700 евра за специјалитетот „Golden Giant Tomahawk“, од истото место стигнува вест дека се бара готвач.

Салт Бае во огласот навел дека на готвачот ќе му се плаќа 12 фунти или околу 14 евра на час, плус бакшиш. Таа саатница сепак е еднаква на цената на пире или слатка пченка во споменатиот ресторан.

Во огласот исто така се наведува дека „ресторанот нуди многу конкурентна плата и одлични можности за развој на глобална кариера“.

Рекламата набрзо се појавила на Твитер, а луѓето коментирале поинаку. Некои мислат дека тоа е солидна заработка, бидејќи „бакшишот е сигурно добар“, додека други велат дека ресторанот претерува со цените и дека можеле да им дадат повеќе пари на своите работници.

„Подобро готвачот да биде платен во пире“, напиша корисник на Твитер. Друг  напиша: „Кога ќе наплаќа толку храна, можеше да му даде поголема плата на готвачот“. Исто така, заклучокот на еден корисник на Твитер е дека „поевтино е да се патува со авион во Турција и да се јаде во ресторанот на Салт Бае таму отколку да се посети неговиот ресторан во Лондон“.

Овој готвач, на Инстаграм го следат дури 38 милиони луѓе, а моментално има 17 ресторани.

Салт Бае и неговиот необичен стил на солење месо, инаку, беше вирален хит во јануари 2017 година. Благодарение на тоа видео, турскиот месар и готвач преку ноќ станаа планетарно популарни.