Попуст и до 30% на месечните претплати на постпејд тарифните модели Mobile GO под брендот ОНЕ 

40

one vip logo

оне.Вип воведува нова поволна промоција со попуст на месечните претплати на постпејд тарифните модели во рамките на Mobile GO понудата.

Со најновата промоција, сите нови приватни и бизнис корисници како и корисниците на ОНЕ тарифните модели кои ќе го обноват својот договор, добиваат попуст на целото Mobile GO портфолио и тоа: 15% попуст на месечна претплата со договор на 24 месеци за тарифни модели со телефон и 30% попуст на месечната претплата за договор на 24 месеци за тарифни модели без телефон.

Со вклучените попусти во месечната претплата тарифниот модел Mobile GO S корисниците можат да го добијат за месечна претплата од 349 денари со неограничени разговори кон корисниците на ONE тарифните модели, 200 минути бесплатни разговори кон сите национални мрежи и 300 MB мобилен интернет секој месец.

Доколку корисниците се одлучат за тарифен модел со кој добиваат нов мобилен телефон имаат можност да изберат еден од тарифните модели Mobile GО S, M или L со кои добиваат  попуст од 15% на месечната претплата и телефон по супер ниска цена, вклучени разговори кон сите национални мрежи и вклучен интернет од 300 MB, 3 GB и 5 GB соодветно.

За потсетување, корисниците на Mobile GО тарифните модели имаат можност во секое време, преку SMS порака пратена на бројот (075) 142 142, да го проверат статусот на преостанат бесплатен интернет и минути со текст на SMS порака: STATUS INTERNET – за проверка на преостанати бесплатни MB интернет и STATUS POVICI – за проверка на преостанати бесплатни минути за разговори кон сите национални мрежи.