Попусти за сите нови корисници на 3 Max пакетите

52

max tvT-Home од денес стартува со одлична промотивна понуда на своите 3 Max пакети. Понудата се однесува за сите кои сакаат да станат корисник на 3 Max пакет и е со важност до 16 август. Станува збор за два месеци попуст од по 500 денари на месечниот надомест, за новите корисници на 3 Max, кои ќе склучат договор за користење на услугата на 24 месеци. Новите корисници ќе имаат можност дополнително да ги искористат и тековните понуди за едномесечно бесплатно користење  на ТВ пакетите HBO, Max Sport и MaxTring.

Со цел континуирано подобрување на MaxTV услугата и обезбедување уште поквалитетно дигитално ТВ искуство, T-Home воведе и низа нови функционалности за сите MaxTV корисници. Овозможена е опцијата за автоматски избор на јазикот на превод. Доволно е да се направи избор на јазик само еднаш и тој ќе биде постојано активен за сите содржини на странските канали, сè додека самиот корисник не одлучи да го промени. Со збогатувањето на функционалностите на MaxTV услугата, отсега корисниците ќe можат да ги паузираат, снимаат и премотуваат програмите на било кој медија применик во нивниот дом.

Повеќе информации за промотивната понуда на 3 Max пакетите, како и за MaxTV услугата може да се најдат на www.t-home.mk или на бесплатниот телефонскиот број 122.