Поради енергетската криза Французите се повеќе бараат печки на дрва

73

Граѓаните во Франција се почесто планираат да користат печки на дрва поради поскапувањето на енергенсите, што доведе до огромна побарувачка на пелети, јавува Анадолија.

Според француските медиуми, Федерацијата за запаливи материјали, гориво и греење објавила дека во земјата има голема побарувачка на пелети.

Веќе постои загриженост за голем дефицит на понудата по огромниот пораст на побарувачката.

„Стравот од недостиг на енергија ги натера потрошувачите да направат залихи пред зимата“, се наведува во соопштението.

Федерацијата за запаливи материјали, гориво и греење, која има 300 добавувачи, соопшти дека ќе им даде приоритет на своите редовни клиенти во зависност од тешката зима и големината на побарувачката.

Од друга страна, француските медиуми наведуваат дека поради недостигот на руски гас и енергија, цената на струјата за мегават-час во земјата во 2023 година ќе достигне 1.075 евра, со што ќе се сруши историскиот рекорд.