Поради кризата, Renault нема да може да произведе 500.000 автомобили

73

Renault SA нема да може да произведе речиси 500.000 планирани автомобили во 2021 година поради недостиг на компоненти, соопшти компанијата, цитирана од Bloomberg.

Прогнозата е далеку помрачна од онаа направена во јули, кога се очекуваше хаосот во светската економија да влијае на излегувањето од фабриката од само 200.000 модели.

И покрај проблемите, производителот ги одржува прогнозите за маржа оваа година и очекува позитивен слободен паричен тек од оперативните активности. Во третиот квартал од 2021 година, продажбата на францускиот гигант опадна за 13 проценти на 9 милијарди евра. Во првите девет месеци од годината, вкупните испораки пораснаа за 2,6 проценти на околу 2 милиони автомобили.

Оттогаш Renault ја губи продажбата на електричниот Zoe, откако веќе моделот застарува и конкуренцијата се интензивира.

Недостигот од различни компоненти – особено полупроводници – ги погодува сите производители на автомобили.

Набљудувачите на пазарот проценуваат дека производителите ќе загубат приход од 210 милијарди долари од непродуцирани и продадени автомобили само во 2021 година. Само во трите месеци до крајот на септември, Renault поради ситуацијата не успеа да ги произведе планираните 170.000 автомобили.