
Недостигот на ветер викендов ги зголеми трошоците за енергија низ Европа, при што цените на електричната енергија во Германија го достигнаа највисокото ниво во последните седум месеци.
На пазарот „ден пред“ (каде се плаќа струја за испорака во понеделник), цената на мегаватчас (MWh) струја во Германија надмина 150 евра, сума невидена од средината на февруари.
Во понеделник навечер цената се очекува да достигне максимални 524 евра за MWh, пишува „Brussels Times“.
Струјата е скапа и во Холандија – повеќе од 148 евра за MWh.
Експертите ја припишуваат оваа појава на недостатокот на производство на енергија од ветер по неколкудневното топло и мирно време.
Покрај тоа, Белгија во моментов се соочува со намалено производство на нуклеарна енергија, додава Brussels Times.