Поради немирите во Казахстан – Цената на ураниумот порасна за осум отсто

101

Цената на ураниумот на светските пазари порасна за речиси осум отсто, поради немирите во Казахстан, пишува Bloomberg, повикувајќи се на податоци од специјализираната платформа UxC, една од водечките светски компании за истражување и анализа на пазарите во нуклеарната индустрија.

Блумберг потсетува дека Казахстан произведува околу 40 отсто од светските резерви на ураниум. Претходно беше објавено дека поради протестот во таа земја акциите на казахстанската компанија „Казатомпром“, која се занимава со екстракција на природен ураниум, паднаа за 8,8 отсто на лондонската берза.

„И покрај тоа што засега нема недостиг на залихи, играчите на пазарот тргнуваат од фактот дека има предуслови за тоа“, вели експертот на UxC Џонатан Хинц.