
Словенечкиот производител на автоделови КЛС Љубно претрпе материјална штета до 50 милиони евра во поплавите што ја погодија Словенија на почетокот на август.
Фабриката практично ќе мора да се гради од почеток, бидејќи не настрадаа само машините, туку и целата инфраструктура која сега е покриена со кал. Како што пренесува германскиот магазин Automobilwoche, поради ова Volkswagen ќе мора на неколку недели да го прекине производството на својот најпродаван автомобил во август, теренецот T-Roc.
Имено, KLS Ljubno е еден од добавувачите на делови за мотори без кои фабриката на Volkswagen во Сетубал, Португалија не може да ги комплетира возилата.
VW сега се обидува да интервенира и да најде други добавувачи, но тоа е процес кој трае.