Поради прекин на соработката со рапер, Адидас би можел да биде „потенок“ за 700 милиони евра

138

Адидас предупреди на огромно потенцијално влијание врз нејзината крајна добивка откако го прекина партнерството со американскиот рапер и моден дизајнер Канје Вест минатиот ноември.

Новиот шеф на компанијата рече дека Адидас може да изгуби стотици милиони долари оваа година ако компанијата одлучи да не ги продаде залихите на патики Yeezy. Гигантот за спортска опрема ги прекина врските со Вест, поради неговите антисемитски коментари на социјалните мрежи.

„Бројките зборуваат сами за себе, во моментов го немаме перформансите што треба да ги имаме“, изјави директорот на „Адидас“, Бјорн Гулден.

Адидас сè уште размислува дали да се ослободи од преостанатите залихи на патиките Yeezy и да претрпи загуба од 500 милиони евра доколку ги отпише.

Од компанијата очекуваат дека промената на работењето ќе чини дополнителни 200 милиони евра, а тоа може да значи дека Адидас годинава ќе забележи оперативна загуба од 700 милиони евра. Од друга страна, добивка се очекува во 2024 година.

Фото: Facebook