Смогот во Пекинг деновиве стана толку многу густ, што луѓето се веќе желни за природна светлина. На футуристичките екрани инсталирани во кинескиот главен град, наменети за рекламирање на туристички дестинации, сега се прикажува виртуелно изгрејсонце.
Воздухот во Пекинг деновиве е загаден 26 пати повеќе од дозволеното ниво според Светската здравствена организација и е највисоко од јануари 2013 година досега.