
Во услови на висока инфлација, аргентинските власти одлучија да воведат нова банкнота од две илјади пезоси, соопшти Централната банка.
Во земјата се користат банкноти од 1000, 500, 200, 100, 50, 20 и 10 пезоси.
Поради наглото зголемување на потрошувачките цени, кои на крајот на 2022 година скокнаа за 94,8 отсто, многу граѓани веќе подолго време зборуваат за потребата од воведување нови апоени, меѓу кои и оние од 5.000 пезоси.
Фото: Pixabay