Поради војната во Украина, цените на храната во светот се повисоки за 30 отсто

35

Поради рускиот напад на Украина, цените на храната на светскиот пазар се за 30% повисоки во споредба со истиот период минатата година, соопштија Обединетите нации.
Војната во Украина би можела да предизвика недостиг на глобално ниво во наредните месеци, додаваат од ОН, пренесува Би-Би-Си.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутреш рече дека војната ја влоши нестабилноста на храната во посиромашните земји поради зголемените цени.

Светот може да се соочи со глад кој би можел да трае со години доколку изворот на храна од Украина не се врати на предвоените нивоа, додаде Гутереш.

Поради конфликтот, прекинат е извозот на храна од пристаништата од каде  се извезувале големи количини масло за јадење, житарки, како пченица и пченка.