Пораките на Facebook преку посебна апликација Messenger

32

fb messenger

Најпопуларната социјална мрежа Facebook повеќе нема да им овозможува размена на пораки на своите корисници преку мобилната апликација како досега, туку тоа во иднина ќе го прават преку Messenger.

Од компанијата потврдуваат дека во следните денови ќе биде укината поддршката за chat во основната Facebook апликација за iOS, Android и WP, па сите корисници ќе мора да инсталираат Facebook Messenger. Некои од корисниците веќе добија известувањеза тоа, а останатите ќе мора наскоро да се прилагодат на оваа промена, јавува bug.hr.

Според Facebook, оваа промена е неопходна за да се одвојат развојните напори вложени во оваа апликација, како и тоа Messenger  да се развие во најдобра платформа за размена на пораки. Дополнително, оваа промена ќе ја намали збунетоста кај корисниците кои сега ќе имаат една апликација за Facebook, а друга за Facebook Chat, чии функционалности нема да се поклопат.