
Европската економија би можела да западне во рецесија до крајот на годината, изјави денеска поранешниот претседател на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги.
Според него, „сосема е јасно“ дека првите два квартали од 2024 година ќе покажат пад во рецесија, пренесува Financial Times (FT).
Европската економија ја губи конкурентноста, а нејзините главни проблеми се ниската продуктивност, високите цени на енергијата и недостатокот на квалификувана работна сила, изјави поранешниот гувернер на ЕЦБ, кој беше на функцијата од 2011 до 2019 година.