Поранешен шпански крал си плати даночен долг од околу 700.000 евра

35

Поранешниот шпански крал, Хуан Карлос, кој е во егзил од август во Обединетите Арапски Емирати, додека против него се водат неколку судски истраги, си го платил долгот од скоро 680.000 евра на шпанските даночни власти.

“Кралот Хуан Карлос на фискалните власти им предаде потврда за подмирен даночен долг од 687.393,72 евра со камата“, информира неговиот адвокат, Хавиер Санчез Јунко.

Адвокатот додава дека неговиот клиент останува на располагање на државниот обвинител за било каква процедура.

Во неделата шпанскиот весник El Pais откри дека пријавата за данок на поранешниот монарх е поврзана со истрага против корупција во врска со користење на кредитни картички на Хуан Карлос. Наводно тој користел кредитни картички поврзани со банкарски сметки кои не се на негово име и се истражува евентуално перење на пари. Тие банкарски сметки се на име на еден претприемач од Мексико и еден полковник во шпанското воено воздухопловство.

Доколку се докаже дека поранешниот крал користел пари за кои не платил данок, против него може да биде покрената судска постапка за перење пари.

Фото: Freepik