Поранешни затвореници во САД стануваат пчелари

50

Фото: Pixabay

Sweet Beginnings, инаку американска компанија за производство козметички производи, вработува поранешни затвореници. Тие таму добиваат обука за пчеларство, што ќе им помогне да се одвратат од криминалот и полесно да се реинтегрираат во општеството, пишува CNN.

Компанијата има пет фарми со пчели, а нивната линија на козметички производи од мед – Beelove се продава во различни продавници во Чикаго.

“Имав визија за мојата иднина од денот кога излегов од затвор. Сакам да ја добијам мојата возачка дозвола, да возам камион некое време, додека не успеам да купам или да земам на лизинг мој личен камион. Тогаш сакам да отворам своја компанија за транспорт“, ели 34-годишниот Џејмс Џонс, кој излезе од затвор по отслужување на три и пол годишната казна за продажба на дрога.

Тој и неговите колеги учат како се произведува, собира медот, потоа негово пакување, продажба и испорака.