Уште едно добро познато име во технолошката индустрија предупредува на потенцијалните негативни последици од користењето на вештачката интелигенција, особено ако падне во погрешни раце.
Речиси не поминува еден ден да не прочитаме ново предупредување за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција и повик за регулирање на оваа технологија. И овие предупредувања се различни – од оние дека алатките за вештачка интелигенција би можеле да ни ги одземат работните места, а многумина би можеле да останат без работа, преку употреба на вештачка интелигенција за ширење дезинформации и лажни вести и сè до – егзистенцијални закани.
Ваква можност на блогот OpenAI спомена и Сем Алтман и водечки луѓе на таа компанија, а Стив Возниак предупреди дека може да се случи софтверот да убие човек, Маск одамна дава слични коментари, а сега предупреди и Ерик Шмит за истото.
Тој е добро познато и влијателно име во технолошката индустрија, човек кој долги години беше извршен директор на Google за време на најславните денови на компанијата.
Неделава беше гостин на конференцијата организирана од The Wall Street Journal во Лондон, а меѓу другото нагласи дека вештачката интелигенција претставува егзистенцијален ризик. Егзистенцијалниот ризик го дефинираат многу, многу, многу, многу луѓе кои се повредени или убиени, рече Шмит.
Вакви сценарија не треба да се очекуваат денес, но тие се можни релативно наскоро, а таквите системи со вештачка интелигенција ќе можат да пронајдат пропусти во сајбер-просторот на нула ден или да откријат нова форма на биологија, коментира Шмит и додаде: Денес тоа е само фикција, но логиката зад тоа е веројатно вистина. И кога тоа ќе се случи, сакаме да бидеме подготвени и да знаеме како да спречиме овие работи да се користат од лоши луѓе.
На прашањето како да се регулира вештачката интелигенција, Шмит нема конкретен одговор и го смета за широко прашање за целото општество. Тој исто така додаде дека не треба да очекуваме нова регулаторна агенција во САД која ќе биде одговорна за регулација, за што претходно зборуваше извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман.
За влијанието на вештачката интелигенција неодамна зборуваше актуелниот извршен директор на Google, Сундар Пичаи, кој рече дека вештачката интелигенција ќе влијае на „сите производи на сите компании“ и нагласи дека општеството треба да се подготви за промени.
Фото: YouTube Printscreen