Поранешниот шеф на Фолксваген за електрификација: Кој денес вози Корса е осуден на јавен превоз

205

Поранешниот шеф на Volkswagen во Германија, Јенс Андерсен, не е оптимист за достапноста на електричните возила во иднина.

Очекува дека електрификацијата на моторните возила ќе биде голем проблем, пред сè за просечните купувачи.

“Проблемот не се премиум брендовите како Мерцедес и Ауди – тие ќе имаат свои клиенти благодарение на скапата, но конкурентна технологија која им носи профитабилност. Проблемот се поевтините, достапни автомобили”, изјави за Business Insider Андерсен, кој докторирал за електрични возила.

Според него, за жал, тој мисли дека никогаш нема да видиме конкурентен електричен автомобил со прифатлив опсег по цена до 20.000 евра.

„Оние кои денеска возат, на пример, Опел Корса, утре ќе бидат осудени на јавен превоз“, додава тој.

Тој им порача на европските производители на електрични возила дека никогаш нема да бидат конкурентни на американската Тесла, јапонската Тојота, а особено не на производителите од Кина. Тој тврди дека ерата на достапни автомобили во Европа е завршена, бидејќи нема технологија за нивно масовно производство.

Тој посочи дека новата европска стратегија e „се продава помалку, но поскапо“. Андерсен, кој моментално е вработен во германската консултантска компанија Strategy Expert Group, смета дека единствено решение за Volkswagen е купување на Tesla.