Порасна бројот на милионери

40

Бројот на милионери ширум светот ја надмина границата од 20 милиони во текот на 2020 година, покажуваат новите податоци објавени од француската консултантска куќа Capgemini.

Бројот на луѓе чие богатство вреди милион долари или повеќе се зголеми за 6,3%, на 20,8 милиони луѓе, во текот на годината на глобална пандемија на корона вирусот, соопшти Capgemini.

Вкупното богатство на таа група луѓе се зголеми за 7,6%, на вкупно 80.000 милијарди долари. Големи добивки беа остварени како резултат на повисоките пазарни вредности на акциите.

Земјите со најбогати луѓе се САД, Јапонија, Германија и Кина. Дури 63% од светските милионери живеат во овие четири земји.

Најбрз раст во 2020 година има кај супербогатите, оние со богатство вредно најмалку 30 милиони долари. Овој клуб порасна за 9% во 2020 година.

Capgemini ги следи цените на акциите, сопственост врз обврзниците, алтернативните инвестиции, парите и имотот.

Исто така, се потпира на податоци од меѓународни организации како што е Светска банка. Рангирањето во голема мерка е во согласност со голем број други светски графикони за богатите објавени неодамна.

Фото: Freepik