Денеска европските берзански индекси се во пад, американските индекси се во пораст, додека на пазарот истовремено е забележан раст на цената на нафтата и златото.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе сеопфатни нови царини за производите од Мексико, Канада и Кина штом официјално стапи на должност, а оваа вест дополнително ги вознемири пазарите, пишува порталот Trading Economics.
Во 9:15 часот индексот DAX на Франкфуртската берза падна на 19.295,75 поени, британскиот FTSE 100 на 8.259,07 поени, францускиот CAC 40 на 7.196,87 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 2.534 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс скокна на 44.736,57 поени, индексот S&P 500 на 5.987,40 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 19.054,84 поени, пренесува Танјуг.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 69.007 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 73.141 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 47,5 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 2.615,32 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,3455 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,04785, што е за приближно 0,33 отсто повисока отколку на почетокот на трговската сесија.