Инфлацијата во Германија се искачи на 2,4 отсто во април 2024 година, објави федералниот завод за статистика Дестатис, потврдувајќи ги прелиминарните податоци.
Германските потрошувачки цени, приспособени за споредба со другите земји од Европската унија според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), во март пораснаа за 2,3 отсто на годишна основа, што е најниска стапка во последните речиси три години.
„Посебно цените на енергијата и храната имаа потиснувачки ефект врз стапката на инфлација од јануари 2024 година“, рече претседателката на Дестатис, Рут Бренд.
Но, базичната инфлација, мерена како промена на индексот на потрошувачките цени без храна и енергија, во април беше повисока од вкупната инфлација од почетокот на годината, додаде таа во соопштението за печатот.
Потсетуваме дека во април, според првата проценка на Дестатис, храната благо пораснала на годишно ниво, за 0,5 отсто. Во март беше поевтино за прв пат од февруари 2015 година, за 0,7 отсто, пренесува Хина.
Во април базичната инфлација изнесуваше три отсто и е пониска за 0,3 процентни поени во однос на март годинава.