Пораснаа платите во еврозоната

38

Во вториот квартал од 2024 година, платите во еврозоната се зголемија за 4,5 отсто на годишно ниво, забавувајќи се во однос на растот од 5,2 отсто во првиот квартал од оваа година, објави  Евростат.

Гледано во секторите, во вториот квартал од 2024 година, платите во преработувачката индустрија во еврозоната се зголемени за 5,3 отсто на годишно ниво, во градежништвото за 5,6 отсто, во областа на информации и комуникации за 4,8 отсто, во финансиските дејности и дејностите во осигурувањето за 4,7 отсто, стручните, научните и техничките дејности за 5,6 отсто, што во сите наведени случаи е побавен раст од претходниот квартал.

Ако се обрне внимание на најголемите економии во еврозоната, растот на платите на годишно ниво во Германија во вториот квартал од оваа година бил 4,7 отсто, а во Шпанија 3,7 отсто.

Податоците укажуваат дека растот на платите во овие земји е забавен во однос на првиот квартал.

Истовремено, платите во Италија пораснале за 3,3 отсто на годишно ниво, со исто темпо како и во првиот квартал.

Француските плати, напротив, се зголемија за 3,4 отсто на годишно ниво во вториот квартал на 2024 година, забрзувајќи од 3,2 отсто во првиот квартал.

Европската централна банка во неколку наврати изјави дека забавувањето на растот на платите е еден од важните предуслови за намалување на каматната стапка во еврозоната, пренесоа медиумите.