Државниот завод за статистика соопшти дека кај индустриското производство во февруари годинава во однос на февруари лани забележан е раст од 4,5%.
Споредено по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, бележи пораст од 17,7%, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 4,4% , а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,6%.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6,8% и Капитални производи за 7%.
Индустриското производство во периодот јануари – февруари 2013 година, во однос на првите два месеца од минатата година забележа раст од 1,9%.