Пораст на онлајн нарачки – Amazon вработува дополнителни 100.000 луѓе

98

Компанијата Amazon соопшти дека ѝ се потребни уште 100.000 работници во САД за да ги задоволи зголемените онлајн нарачки поради ширењето на коронавирусот.

Компанијата ќе ја зголеми платата за два долара по час на привремено вработените.

“Видлив е значителен раст на побарувачката, што бара зголемување на бројот на вработени“, изјави Дејв Кларк, задолжен за мрежата за испорака.

Amazon објави дека изминатиот викенд порастот на нарачки го засили притисокот врз испораките, а испораката ќе се продолжи над вообичаените два дена.

Најголема побарувачка имало за средствата за чистење на домаќинства.

Фото: Facebook