Пораст на продажните цени на индустриски производи во јануари

22

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јануари оваа година вкупно се повисоки за 1,8% на месечно ниво, а за 2,7% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари 2021, во споредба со декември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 2,4%, а се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9%.

Во јануари 2021, во споредба со јануари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4,6%, во секторот Преработувачка индустрија за 2,2%  и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,8%.

Фото: Freepik