Пораст на прометот од продажба на услуги во последното тримесечје од 2019 година

22

Прометот од продажбата на услуги во четвртото тримесечје од 2019 година е повисок во споредба со четвртото тримесечје од 2018 за 2,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2019 година, најголем пораст на прометот во услугите, во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, има кај услугите од научно истражување и развој (за 22,2%) и кај ветеринарните дејности (за 19,2%).

Најголемо намалување од 13,7% е забележано во филмската дејност, продукцијата на видео и телевизиска програма и дејностите на снимање звучни записи и музичко издаваштво.

Фото: Pixabay