Пораст на трошоците на живот и на цените на мало во јануари

56

Трошоците на живот и цените на мало во јануари оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во јануари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,7%, свежото и разладеното овошје за 1%, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,6%, млекото, сирењето и урдата за 0,3%, лебот и житата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, пивото за 0,2%.

Во јануари 2020 година, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај другите финанасиски услуги неспоменати на друго место за 34,3%, електричните апарати за лична хигиена за 4,3%, велосипедите за 3%, течните горива за домаќинствата, туристичките пакет-аранжмани за 1,9%, гасот за домаќинствата за 1,5%, телефонот и телефакс-опремата за 1,4%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,9%, другите печатени материјали за 0,8%, моторните возила за 0,7%, стаклените садови, трпезните садови и прибор за домаќинствата за 0,6%, малите електрични апарати за домаќинствата, градината, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,5%, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,4%, домашните миленици и сродни производи, угостителските услуги, услугите за сместување за 0,3%, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, игрите, играчките и хобијата за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во јануари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај месото за 0,8%, виното за 0,3% и жестоките пијалаци за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 2,5%, обувките за 2,2%, информатичката опрема за обработка на податоци за 1,6%, медиумите за снимање за 0,9%, мебелот и покуќнината за 0,6%, облеката за 0,4%, теписите и другите подни покривки, другите медицински производи за 0,3%, големите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опрема за сопствен превоз, другите лични предмети за 0,2%.

Трошоците на животот и индексот на цените на мало во јануари 2020 година, во споредба со јануари 2019 година, бележат пораст од 0,6%.

Фото: Pexels