Пораст на трошоците на живот во март оваа година

9

Фото: Pixabay

Трошоците на живот во март оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,4%, додека кај цените на мало нема промена, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во март 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 6,8%, цигарите за 5,2%, сувото овошје и јаткастите производи за 1,7%, свежиоти разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 1,4%, маслото и маснотиите за 1%, јајцата за 0,9%, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,7%, млекото, јогуртот, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6%, рибата и морските плодови за 0,5%, трбушките за 0,4% и месото за 0,2%.

Во март 2019 година, исто така пораст на трошоците на животот е забележан и кај течните горива имазивата како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3,2%, велосипедите за 2,9%, туристичките пакет-аранжмани за 2,2%, течните горива за домаќинствата за 2%, мебелот и покуќнината за 1,7%, автомобилите за 1,5%, малите електрични апарати за домаќинствата за 1%, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,8%, услугите за рекреација и спорт за 0,5%, средствата за чистење и одржување на станот, другите медицински производи за 0,4%, градините, растенијата и цвеќињата, накитот и часовниците за 0,3%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во март 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите пекарски производи за 0,6%, житата за појадок за 0,3%, другите преработки од месо, другите прехранбени производи и безалкохолните пијалаци за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 3,7%, конфекцијата за домаќинствата за 1,1%, обувките, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1%, ткаенините за 0,8%, текстилот за домаќинство за 0,6%, телефон и телефакс-опремата,
информатичката опрема за 0,4%, резервните делови и опремата за сопствен превоз, книгите за 0,3%.

Трошоците на животот во март 2019 година, во споредба со март 2018 година, бележат пораст од 1,4%, а кај цените на мало има пораст од 0,4%.